СДСМ: Сите пратеници да ги поддржат новите мерки на Владата за помош на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ донесе сеопфатен пакет од 26 антикризни мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и ќе му помогнат на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска

За реализација на клучните мерки потребни се измени и дополнувања на одредени закони.

Сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале да дадат поддршка на овој пакет економски мерки во вредност од 400 милиони евра.

Покрај мерките за намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедена е поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација.

 

Back to top button
Close