СДСМ: Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан

Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.

Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.

A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.

И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал.

Исти методи, исти шеми, исти луѓе, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.

Крадењето мора да запре. За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот.

Работата сè уште не е завршена.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close