СДСМ: Скопјани во недела нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот

Јавноста ја дозна вистината за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Груевски, Данела Арсовска.Сите нејзини лаги се целосно разобличени. Сѐ што сакаше да сокрие Арсовска излезе на виделина.Објавените документи покажуваат дека Данела Арсовска ги излажа граѓаните, таа поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта, вели прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа вели дека не е проблем за тоа како се чувствува Арсовска, туку проблемот е што ги гледа граѓаните во очи и ги лаже додека ја бара нивната доверба.

-Скопјанки и скопјани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот.Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, дека СДСМ е гарант дека градот и државата се на курсот на напредокот, на развојот, на интеграцијата и еднаквоста.

Во недела граѓаните ќе донесат одлука Скопје да продолжи по исправниот пат на развојот и напредокот со Петре Шилегов,  кажа Кузеска.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close