СДСМ: Следува уште 3.000 денари финансиска поддршка за граѓаните

Парламентарното мнозинство предводено до СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, со кои им се помага на граѓаните полесно да се справат со економските последици од глобалната криза.

„Со овие измени околу 35.000 семејства приматели на гарантирана минимална помош во наредните три месеци ќе добиваат дополнителни 1.000 денари месечно на своите сметки. Ова е една од низата мерки, кои СДСМ ги реализира во време на криза за заштита на стандардот на граѓаните, меѓу кои се и укинување на ДДВ за основните продукти и субвенционирање на сметките за електрична енергија“, велат во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица уште еднаш ја покажале својата неодговорност и ја напуштиле салата кога се гласаа измените и дополнувањата со која ранливите категории граѓани добиваат дополнителна поддршка од 3.000 денари.

„СДСМ континуирано на дело покажува вистинска посветеност во борбата против сиромаштијата и заштита на ранливите категории граѓани“, велат од СДСМ.

Back to top button
Close