СДСМ: Сметките за струја би биле поголеми за 2.000 ако не се субвенционираат

Останува мерката за субвенционирање на струјата за граѓаните, само со оваа мерка сметките за струја се помали за 2.000 денари, сооопштија денес од СДСМ.

„Во време на најголема економска и енергетска криза во светот, Владата предводена од СДСМ презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ублажување на последиците. Во моментов се работи на редизајнирање на мерките со цел тие да бидат потаргетирани во периодот кој што претстои и најмногу да бидат насочени кон поддршка на најпогодените од кризата, а од почетокот на годината се реализирани низа мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.Се уште е на важност мерката за субвенционирање на струјата за граѓаните.Со помош на овие субвенции просечно семејство заштедува околу 2.000 денари месечно на сметките за електрична енергија.

Без субвенциите на државата за електрична енергија, секое семејство би имало сметка за струја повисока за 2.000 денари.Истовремено се помагаат и ранливите категории граѓани кои добиваат дополнителни субвенции на сметките за електрична енергија“, порачуваат од владеечката партија

Back to top button
Close