СДСМ: Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата
Соопштение на СДСМ:

Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата.
Дефокусот не го полни фрижидерот.
Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб.
Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари…
Повеќе не можете така да поминувате.
На сите им е сè јасно.
План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето.
Дајте им на работниците она што го заслужуваат за пристоен живот.
Бадијала ви се 40 % од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит.
Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милион евра тендер за фирма на ЗНАМ преку „Пошта“…. вашите тендер-томболи мора да запрат.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај.
Прифатете го законот поради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате!
Правдата ќе победи.






