СДСМ со одговор на прашањето на ВМРО: Дали Зоран Заев гради згради?
Соопштение на СДСМ
Одговор на прашањето на ВМРО: Дали Зоран Заев гради згради?

ВМРО Ванчовистичка не може, или можеби не сака да сфати дека Зоран Заев не е политички активен веќе пет (со букви), нагласуваме 5 години (со бројка).
Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме.
Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на Македонија – Зоран Заев.
За неколку дена влегуваме во 2026 година. Ако на ѕидот сè уште ви стои стар календар од 2016 година, време е да го смените.
Еве, наскоро ќе биде 15 јануари – ќе поминат точно 10 години откако вашиот тогашен, а и сегашен претседател Никола Груевски не е премиер.
Единствено што можете да нè прашате е:Колку документи за вашите криминални дејствија има АКТ и на колку години затвор се однесуваат тие документи.
Вам останува само да одговарате – и тоа пред судот и пред народот






