СДСМ: Согласно Уставот, Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме

 

Очајни се обидите на губитникот Христијан Мицкоски да пронајде алиби за третиот негов последователен пораз на изборно соочување.

Согласно уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и Можеме кои имаат најголем број пратенички места во Собранието.

За потсетување, исто така како што неговиот ментор Никола Груевски го доби во 2017 година.

Со таа разлика што Груевски остана осамен и изолиран во намерата да направи нова режимска влада, па наместо него, нова прогресивна влада направи Заев.

За разлика од тогаш, сега Заев ќе направи Влада без разлика на очајот на Мицкоски.

И овој пат нема да има крвови во Собранието како што имаше на 27 април 2017 кога режимското ВМРО-ДПМНЕ беше подготвено да убие само за да не се случи трансфер на власта.

Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник и дека единствено може да се бави со проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој останува претседател на една од најназадните и нереформиранаи партии во државата.

СДСМ, Центар за комуникации со јавноста

 

Back to top button
Close