СДСМ: ЈСП ќе набавува гориво по 118 денари за литар, а чини 86,5 денари – каде ќе завршува разликата?

Неспособноста и бизнис-интересите на ВМРО-ДПМНЕ е единствената причина за колапсот што му се случува на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, обвинија денеска од СДСМ. Советникот во Град Скопје, Гордан Шутаров, на прес-конференција објави документ од договорот што ЈСП „Скопје“ го склучил за набавка на гориво.

„Четиринаесет и пол милиони литри дизел-гориво ЈСП ќе набавува по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар. Вредноста на договорот е 1,71 милијарда денари со ДДВ или скоро 30 милиони евра. Цената на дизел-горивото, денеска изнесува 86,5 денари за литар, а дневната потрошувачка на гориво на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони. ЈСП дневно прави загуби од 1 000 000 денари или месечно околу 500 000 евра“,посочи Шутаров кој додаде дека ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните и пример како Јавното претпријатие влегува во загуба.

Тој праша каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во договорот која е далеку повисока и повика на одговорност од Управниот одбор на претпријатието чии членови, како што нагласи, „се главно активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ“.

 

Back to top button
Close