СДСМ: Стотина работници од текстилната фабрика „Артекст“ останаа на улица – уште еден пораз на политиките на Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Постојно се случуваат нови отпуштања на работници кои ги губат своите работни места и остануваат без егзистенција, буквално на улица.

Последниот случај е отппуштањето на 100 текстилни работнички и работници од текстилната фабрика „Артекс” кои останаа без работа и тоа без исплатени две плати.

 

Работници со децении стаж, кои целиот живот го поминале во фабриките, sо солзи во очите сведочат дека остануваат без ништо a владата на Мицкоски не презема ништо.

 

Пред само неколку недели се случи отпуштање на работници од „Бехтел и Енка”,од ТИРЗ зоните неколку компании ги затворија погоните и работниците исто така останаа без работа.

 

Уште еден пораз на катастрофалните економски политики на Владата на Мицкоски.

 

Последните податоци на Заводот на статистика покажуваат дека бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 е намален за 3,4% во споредба со истиот месец лани.

 

Ова е реалноста со Мицкоски денеска: затворени фабрики, отпуштени работници, неплатени плати.

 

Владата на Мицкоски не работи за граѓаните, туку за тесни бизнис интереси.

Работниците се оставени сами на себе. Со овие политики сиромаштијата ќе расте.

СДСМ бара итна реакција од сите надлежни институции, да се утврди одговорност за неисплатените плати, да се заштитат правата на работниците и да се обезбеди итна финансиска поддршка за погодените семејства

Back to top button
Close