СДСМ: Светска банка потврди дека мерките на Владата доведоа до едноцифрена инфлација
Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ за намалување на инфлацијата даваат резултати, што е потврдено и од Светска банка, велат од владејачкиот СДСМ.
„Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година“,велат од СДСМ.
Според партијата, на среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител.
„СДСМ, како одговорна партија, продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст“,
велат од партијата.