СДСМ: Телохранителот на Мицкоски, со договор вреден 500.000 евра е дел од скандалот со парцелите

На површина исплива голем скандал кој директно води до Белиот дворец и луѓе блиски на Христијан Мицкоски, изјави на прес-конференцијата, пратеничка на СДСМ Славјанка Петровска.


– Неколку лица, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра. Истите парцели само две-три недели подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милиони евра, истакна Петровска.

Од СДСМ прашуваат дали разликата од над 1,5 милиони евра завршила во нечии џебови или директно во Белиот дворец.
Од таму додаваат дека според информациите во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.
– Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски. Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски. Ова е Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, вреден неверојатни 500.000 евра, велат од СДСМ.
Тие го повикаа Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори: Каква е неговата поврзаност со овој скандал? Дали со негово одобрување и знаење е склучен овој договор? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?
Јавноста, како што додаваат, очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај и да лоцира одговорност.

Back to top button
Close