СДСМ-Тошковски заради неспособност да биде разрешен одУправувачкиот комитет за управување со кризи,Мицковски да се појави на терен
Само директорот на ЦУК Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, зошто ги нема Тошковски и Мицкоски“, рече портпаролката на СДСМ
Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со пожарите низ државата. Лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите во изминатите денови. Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Богданка Кузеска, посочувајќи ја состојбата со пожарите како алармантна и загрижувачка.

„Изгорени се над 130 вадратни километри, активни се уште многу пожари, а зафатена е огромна површина од над 20 илјади хектари“,рече таа.
Граѓаните од терен, како што вели Кузеска, информираат дека пожарникарите навреме делуваат и силно се борат со огнот, но во исто време забележуваат спора реакција на водухопловите и нивно доцнење со часови, како и дека го нема присуството на полицијата.
Според Кузеска, Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи, па затоа бараат Мицкоски итно да го разреши и да назначи нов одговорен на ова тело.
„Само директорот на ЦУК Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, Тошковски и Мицкоски зошто ги нема“,вели таа.
Мицкоски, како што вели Кузеска, мора да разбере колкава одговорност носи, да се појави на терен, да преземе нешто и да ја подобри координацијата на воздухопловите и ефикасноста на институциите, со цел побрзо да реагираат.