СДСМ: Уште една лага на Мицкоски – наместо 2,5 денари намалување, поскапување за 7 денари

„Повторно се покачија цените на горивата во земјава. Иако Христијан Мицкоски најавуваше поевтинување, наместо тоа, граѓаните добија ново поскапување од 7 денари по литар. Уште една лага на Мицкоски која директно удира по џебот на граѓаните. Тоа се мерките на тендер коалицијата ВМРО/ЗНАМ. Граѓаните ги прават луди. Наместо намалување од 2,5 денари – поскапување од 7 денари. Ова е второ сериозно покачување, а владата не презема никакви мерки за заштита на животниот стандард“ соопштија од СДСМ.

Велат „поскапувањата на бензините ќе предизвика нов бран поскапувања – на храната, основните производи, па дури и на струјата. После цените на горивата и да се стабилизираат цените во маркетите ќе останат високи“.

 

– Advertisements –

 

„Само за една недела, граѓаните платија дополнителни 3 милиони евра. Со новото покачување, таа сума ќе достигне 4,5 милиони евра неделно – што е директен удар врз семејните буџети и економијата. Додека земјите од регионот преземаат конкретни чекори за помош на граѓаните, кај нас власта молчи и се грижи само за сопствените бизнис интереси и тендери. СДСМ подготви пакет законски решенија кои ќе ги достави во Собранието:

 

-Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%

-Намалување на акцизата за 4 денари

-0% ДДВ за основните прехранбени производи

-Преполовување на цените за патарините

Владата мора веднаш да реагира и да ги прифати овие мерки“ велат од опозициската партија

Back to top button
Close