СДСМ: Уште патувале документите, Мицкоски намерно не праќа барање за екстрадиција на Груевски

Владата на Христијан Мицкоски намерно го одолговлекува процесот и се уште нема пратено барање  за екстрадиција на избеганиот осуденик и криминалец Никола Груевски од Унгарија.
Уште патувале документите од МВР, од Јавното обвинителство и од Основниот кривичен суд Скопје, до Министерството за правда иако се на неколку стотини метри оддалеченост.
Полска не чекаше, ескпресно постапи и веднаш упати нови барања за екстрадиција на нивните политичари од Унгарија,  само Владата на Мицкоски не.
Мицкоски повторно излажа, рече дека поранешните полски функционери  немаат добиено азил и затоа Полска можела да бара екстрадиција а тоа не е точно, имаат добиено азил. Исто како што лажеше за името, за Преспанскиот договор, сега лаже повторно.
Ова е јасен доказ дека Мицкоски нема намера да го врати својот политички ментор Груевски пред лицето на правдата туку намерно да одолговлекува и да му купува време за ново бегство.
СДСМ бара владата на Мицкоски веднаш да постапи и да побара екстрадиција на Никола Груевски.

Back to top button
Close