СДСМ: Уште во првите денови градоначалниците на Мицкоски го покажаа режимското лице, во ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат друго прават

Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице.
Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини.
Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел.
Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.
Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават.
Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови,  денес општините се во одлична финансиска состојба.
Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните.

Back to top button
Close