СДСМ уверува дека нивната пратеничката група ќе постапи државнички – референдумот против ЕУ нема да успее

Откако денеска, пратеникот и член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков ја обвини СДСМ дека подготвува план за да ја отфрли иницијативата за референдум, од владејачката партија пристигна реакција за овие обвинувања.

Од „Бихаќка“ велат дека пред да започне со обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научи процедурата. Велат дека иницијативата се уште не е стигната пред пратениците и затоа овие обвинувања од страна на опозицијата се паушални и тенденциозни се со цел да не го кажат гласно она што веќе е познато, дека референдумот против Европската Унија нема да успее.

„Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања. Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците“,велат од СДСМ.

Back to top button
Close