СДСM вечерва во „Холидеј Ин“, на маса кадровските решенија

СДСМ соопшти дека за вечерва во 20 часот закажана е седница на Централниот одбор на партијата во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Оттаму најавуваат изјави по завршувањето на работната партиска седница. Претходно денеска, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска навести дека социјалдемократите ќе го потврдат договорот за коалиција, кој вчера го постигнаа Зоран Заев и Али Ахмети.

-Договорот на коалицијата ‘Можеме’, предводена од СДСМ, како и ДУИ, ќе биде изгласан од Централниот одбор и секако ќе се донесат одлуки и за кадровските решенија. Деталите ќе ги добиете после одржувањето на Централниот одбор – кажа портпаролката Кузеска, одговарајќи на новинарско прашање денеска.

Со тоа што ја добива премиерската позиција, Заев вчера изјави дека ДУИ покажале доблест, па за возврат, без да се консултира со сопартијците и тој покажал доблест и предложил ДУИ да застане на премиерската позиција на последните 100 дена пред следните избори.

Back to top button
Close