СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Попладнево се одржа работен состанок на пратеничката група СДСМ. Во фокусот се предложените законски решенија на СДСМ за намалување на цените на горивата и храната во услови на криза. Недозволиво е цените да растат, а Владата да одбива да ги покачи платите и две недели да не презема никакви мерки да го заштити стандардот на граѓаните, информира СДСМ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Растот на цените на горивата повлекува и раст на цените на основните прехранбени производи а тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата и пад на стандардот.

СДСМ подготви законски решенија за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, закон за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и закон за преполовување на цените на патарините, владата мора итно да ги прифати.

Пратеничката група на СДСМ останува посветена на интересот на граѓаните и ќе продолжи да се бори за поголеми плати за работниците и решенија за подобар животен стандард.

Последната анкета покажуваат незапаметен пад на ВМРО токму поради разочарувањето кај граѓаните од лошата економска состојба, немањето никаков резултат, криминалот и корпцијата. Сега на сите им е јасно зошто за првпат таа анкета не е презентирана пред јавноста. Последната анкета покажува поддршка за СДСМ во борбата против криминалот и корупцијата и дека граѓаните ја препознаваат заложбата за враќање на европскиот пат на Македонија.

Back to top button
Close