СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија –Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите
Соопштение на СДСМ
По реакцијата на СДСМ и разобличувањето на нивната груба манипулација и лага, ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната бен страна, со којашто денеска пратеникот Миле Лефков мафташе на прес-конференција.
Станува збор за целосно разобличен обид за политичка монтажа, во која Лефков свесно објави лажна фотографија од невин човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со СДСМ и Зоран Заев.
Лефков не само што свесно лажеше пред целата јавност, туку и грубо изманипулира за партиски цели. Бришењето на фотографијата од веб страната на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека се фатени во лага. Но одговорноста не се брише.
Бараме Лефков и неговиот ментор Мицкоски јавно да се извинат. Очекуваме итна реакција од Јавното обвинителство за ширење лажни вести и загрозување на правната сигурност. Следува и тужба за клевета и нарушување углед.