СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми цената на струјата за сто отсто
ВМРО-ДПМНЕ лицемерно ги манипулира граѓаните и бара намалување на цената на електричната енергија, која за време на своето владеење ја поскапи за 100%, и како тоа да беше малку, дополнително силно удри по џебот на граѓаните со укинување на евтината тарифа на струјата.
Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за наводно злоупотреби, кога токму поранешен директор на АД ЕЛЕМ и член на некогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и како Божиновски му се јавувал да ургира компаниите кои добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ, да и помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се одамна прочитани, затоа граѓаните ги казнуваат на три последователни избори и затоа не се приклучуваат на нивните лажни и лицемерни протести.
Граѓаните знаат дека токму СДСМ ја врати евтината дневна тарифа на струјата и со тоа ги намали трошоците за електрична енергија на семејствата, а преку одговорни политики го стабилизираше енергетскиот сектор кој за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше зависен од увоз на скапа струја.
ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да брани криминал и да шири лажни вести и затоа останува уште долго во опозиција.
СДСМ