СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции

ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот. Белиот дворец од каде ВМРО-ДПМНЕ држи прес-конференции е нелегално стекнат имот потврден со судска пресуда во предметот Талир 2. Како не им е срам да држат прес-конференции во криминално стекнат имот кој е пред конфискација? Барем да излезеа од него ако имаа малку доблест, реагираат од СДСМ.

СДСМ им порача на ВМРО-ДПМНЕ да си погледнат прво во свои редови ако сакаат да зборуваат за нелегално стекнат имот.

„Нема поголема, подрска и покриминална,на шема отколку онаа за стекнување на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Ако го веќе сака да зборува за нелегално стекнат имот, ВМРО-ДПМНЕ нека си погледне прво во сопствените редови. Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта? На кој начин Сашо Мијалков го стекнал луксузниот имот кој го нудеше како гаранции при судските процеси? Се што ВМРО-ДПМНЕ има како информација за анкетните листови нека ги достави до Државната комисија за спречување корупција, наместо заради безидејност да ја замајува јавноста“, се вели во соопштението.

Back to top button
Close