СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги закочи реформите во правосудството и го партизираше
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден.
Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.
Без вистински реформи во судството и независни институции нема правда.
Затоа Мицкокси треба да молчи и да не го обвинува СДСМ за реформи кои самиот не ги прави.
СДСМ подаде рака, понуди помош за реофрмите, понуди заеднички групи, ВМРО-ДПМНЕ одби се.
Тоа е јасен показател дека ниту имаат интерес ниту сакаат независно и ефикасно судство.
За крај им порачуваме да прекинат да глумат опозциција, за секоја своја неспособност крив им е СДСМ. Ова е веќе дегутантно и граѓаните се смеат на нивните оправдувања.