СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“

ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој, наведува СДСМ.

Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“

Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа.

По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија.

Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.

Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ.

А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија.

Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски

Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.

Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.

На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.

Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата.

Back to top button
Close