СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков се директно одговорни за рушењето на домот на Малески

Бруталното рушење на домот на Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент,туку резултат на системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат СДСМ.

Според нив, Управата за заштита на културното наследство, која е должна по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо.

„Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што институциите се ставени во служба на политичките и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и нивната тајна коалицијата со ДУИ?Министерот за култура, Зоран Љутков, наместо да го брани културното наследство, се занимава со партиска кампања и самопромоција. Во време кога се брише споменик на македонската културна меморија, Љутков не излезе со ниту едно јавно соопштение, ниту најави конкретна постапка. Тоа е срам за институцијата Министерство за култура!

Владо Малески не е само име од учебник, тој е авторот на текстот на македонската химна, дел од нашата државност и културен идентитет. Рушењето на неговиот дом е удар врз македонската култура, меморија и достоинство. СДСМ бара: итна и целосна истрага за случајот, одговорност од Управата за заштита на културното наследство, – оставка од министерот Љутков поради неделувањ и итна реставрација и заштита на објектите со историско и културно значење во Струга.

Ова што се случува не е само правен, туку цивилизациски пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема визија, ниту почит кон сопствената држава и нејзините симболи.СДСМ, заедно со граѓаните на Струга и со целата културна јавност, ќе се избори овој срам да не остане неказнет.Никој нема право да ја руши историјата на Македонија, стои во реакцијата на СДСМ.

Back to top button
Close