СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе нема вакцини против коронавирусот, работи на штета на јавното здравје
соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека нема доволно тестови и заштитна опрема, денеска лаже дека ќе нема вакцини против коронавирусот и продолжува да работи на штета на јавното здравје
Нов ден, нови лаги, нови обиди за ширење паника меѓу граѓаните од страна на ВМРО Лажни вести ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ партијата чии ставови се демантирани од странски амбасади, која во меѓународни студии е посочени како извор на лажни вести вести и дезинформации упорно, без срам шири нови лаги, измислува нови конструкции.
Лага е дека Владата и Министерството за здравство не работат на обезбедување на вакцини против коронавирусот, дека вакцините ќе сме ги добиеле последни.
Вистината е дека веќе е реализирана уплатата за 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот.
Покрај овој механизам, започнати преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата, каде аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони.
Подготовките за имунизација се започнати, се набавуваат соодветни модели на фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури.
Истата ВМРО-ДПМНЕ која лажеше дека нема доволно тестови, истата фејк-њуз ДПМНЕ која лажеше дека немало заштитна опрема за лекарите, истата ВМРО-ДПМНЕ која намерно блокираше заем за изградба на 16 модуларни ковид центри, денеска лаже дека немало да има вакцини против коронавирусот.
Ништо ново од партијата предводена од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е секогаш против здравјето и интересите на граѓаните, против здравствениот систем и здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ упорно не ја учи лекцијата од граѓаните и затоа останува во опозиција.