СДСМ: ВМРО ДПМНЕ лаже дека работниците од странство ќе работат без работни дозволи, лаже дека ќе се зголемат работните часови, лаже дека државата ќе плаќа пенали…
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра. Долг е списокот на лаги што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно ги шират за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно лажат дека 70 отсто од работниците ќе бидат од странство. Лажат и дека работниците од странство ќе работат без работни дозволи, лажат дека ќе се зголемат работните часови, како што лажат дека државата ќе плаќа пенали доколку не се променат одредени закони. Скандалозно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прват хајка против реномирана американска компанија каква што е Бехтел, соопшти СДСМ во реакцијата на денешната изјава на Мицкоски.
Најголемата владејачка партија СДСМ потсети дека проектот се реализира согласно Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година.
-Оттука сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода. Додека СДСМ реализира децениски стратешки проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат на секој успех на државата. Затоа ги очекува нов пораз од граѓаните, стои во соопштението на СДСМ.