СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ незаконски се финансирала, и остварила 4.6 милиони евра корист

 

 
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им го вратат украденото на граѓаните, не само од случајот Талир 2, туку и сите други пари одземени од народот.
ВМРО ДПМНЕ незаконски се финансирала, и остварила 4.6 милиони евра корист.
Додека граѓаните 11 години тонеа во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ со злоупотреби ја изгради луксузната Бела палата и со забеганост ја опреми со кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180.000 евра.
Што и да зборува Мицкоски, факт е дека тој не се откажува од луксузот стекнат на криминален и коруптивен начин, на грбот на граѓаните.
Мицкоски треба да му се извини на народот и да го врати украденото на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close