СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за фирмата на бизнис партнерот на Мицкоски во хидроцентралите Драги Василев
Кој во белата палата го мести Христијан Мицкоски?
Фирмата “Дравас Инженеринг” којашто е на листата на должници на УЈП, а за која ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува, e на Драги Василев, партнер на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентрали.
Од основање, Драги Василев, познат како Драги Минка е управител на оваа фирма за која зборуваат на прес од Белиот дворец.
Оттука, парашањата може Мицкоски да му ги постави на неговиот партнер во хидроцентралите.
Листата на должници на УЈП е транспарентна, јавно се објавува и без исклучок се постапува согласно Законот.
ВМРО ДПМНЕ знае дека заврши времето на пресметка со неистомислиците преку злоупотреба на институциите. Заврши времето на репресија кон даночните обврзници, законите важат за сите подеднакво.
Центар за комуникации со јавноста на