СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се директно поврзани со бугарските клубови и со Ванчо Михајлов

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е директно поврзана со бугарските клубови отворени во Битола и Охрид, кои носат имиња на контроверзни и провокативни историски личности, го потврдува континуитет на опозициската партија со Ванчо Михајлов и се гордее со него.
Самиот Мицкоски го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во своето делување со Ванчо Михајлов, соработник на Третиот рајх.
ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на луѓе што биле извршители на Третиот Рајх, го слави и велича делото и улогата на Ванчо Михајлов.
ВМРО-ДПМНЕ во чест на Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музеј во Скопје.
Припадници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на отворањето на бураскиот клуб во Битола, а Мицкоски се слика со основачите на бугарскиот клуб во Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ заглавена во минатото, на граѓаните нема што да им понуди освен изолација и враќање назад.

Back to top button
Close