СДСМ: ВМРО-ОКГ се плаши од КПУ Идризово, Штип и Шутка

Многу нервозно реагираат ВМРО кога се зборува за нов Изборен законик. СДСМ сака нов Изборен законик, но не сака закон за кражба на изборите по мерка на Мицкоски. Сакаме дијаспората да гласа, како што гласаше и досега – само не сакаме Мицкоски да гласа од Белата палата наместо дијаспората, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.
Не се караме со нашите членови, функционери, аналитичари и професори. Оние кои вие ги претставувате како „наши“ се ваши сателити и дел од вашиот проект ЗНАМ 2.0. Тоа е ваша конструкција, а не наша.
СДСМ разговара со факти, докази и бројки. Голата реторика, популизмот и нарачаните анкети се ваша територија и територија на Орбановите медиуми. Сега велите дека СДСМ е трета или четврта партија во државата, а во анкетата која ја објавивте денеска, СДСМ е втора партија.
Во истата анкета покажавте дека ВМРО-ОКГ има пад од 3,5% за само два месеци. Од изборите, според вашите нарачани анкети, вашиот пад е веќе 8%, додека СДСМ расте. Вашата организирана криминална група го презеде синдромот од шефот на бандата Мицкоски, сите многу лажете. Веќе ни самите не знаете што лажете.
Како што вели народот: Кој лаже, тој и краде. А вие, како дел од владеачката тендер коалиција, тоа најдобро го знаете.
СДСМ сака ЕУ. Таму судството и обвинителството се независни, а за криминалот се одговара.
За организиран криминал следуваат Шутка, Идризово и Штип. Токму од тоа се плаши Мицкоски и неговата екипа.
СДСМ






