СДСМ: ВМРО против ДПМНЕ – Не сакаат да ги гласаат своите закони од програмата

Соопштение на СДСМ:

 

СДСМ денес јавно го разобличува лицемерието и измамата на Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои одбија да ги поддржат дури и законите што самите ги ветија пред граѓаните, со својата предизборна програма.

СДСМ поднесе пакет од 12 закони, буквално преземени од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел тие да не останат само празни зборови и лажни ветувања. Закони со кои требаше да се поддржат повисоки плати, подобар стандард, мерки за враќање на иселените, помош за семејствата погодени од пожари, права за жените земјоделки, поддршка за спортот и за младите. Закони кои ВМРО-ДПМНЕ сами ги ветија – а вчера без срам ги одбија.

Ова е најголемото признание дека програмата со која излегоа пред граѓаните не била ништо друго освен евтин изборен трик, само хартија полна со лаги и манипулации.

Владата и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека се неспособни и неодговорни, дека нивната единствена цел е да се дограбат до власт и да ја злоупотребат, а не да им служат на граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните да видат со свои очи: ветуваа повисоки плати – ги одбија нашите закони за раст на платите. Ветуваа дека ќе вратат млади и иселени – го одбија законот за ослободување од данок за тие што се враќаат дома. Ветуваа породилно отсуство за жените земјоделки – го одбија и тој закон. Ветуваа средства за спортот и клубовите – одбија и за тоа.

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ не спроведе ништо од својата програма – а изгласа над 110 закони со кои само го потврдија уставното име на државата, против кое глумат дека се борат.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е влада на лаги, на измами и на бескрајни оправдувања. Премиерот Мицкоски и неговите пратеници покажаа дека се подготвени да ја излажат целата држава само за да дојдат на власт, и дека не ги интересираат ни луѓето, ни нивниот стандард, ни ветувањата што им ги дале.

СДСМ ќе продолжи да се бори за вистински мерки за граѓаните, за повисоки плати, за подобар живот и за исполнување на зборот даден пред народот. Ќе продолжиме да ги потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ на секое нивно ветување – и на секој нивен срам кога одбиваат да стојат зад сопствените зборови.

Back to top button
Close