СДСМ: Во недела, по прегласувањата, ќе се знае кој има реално мнозинство во Град Скопје

Најавеното формирање на мнозинство во Советот на Град Скопје што денес го најавија ВМРО-ДПМНЕ и Левица е далеку од завршена работа, реагираше денеска Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

– Денеска се потврди само дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто, нешто што одамна го зборувавме. А што се однесува до Советот на Град Скопје, ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство. Како што знаете ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места. Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив. Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок. Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години. Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не како метропола на кичот и барокот. Да излеземе во недела и да гласаме за број 12, да гласаме за Петре Шилегов, да гласаме Скопје да продолжи со својата успешна приказна – рече Јанчева.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close