СДСМ: Вучиќ преку Орбан ги купи последните слободни медиуми во Србија – На ред е Македонија

Како што најавивме уште пред два месеца – во тек е постапка за воведување целосен медиумски мрак во Србија и Македонија.

Денес Вучиќ, преку Орбановата мрежа, ги презеде последните слободни српски медиуми: Н1, Нова С, Радар, Форбс Адриа, Данас…

Купувач е португалската инвестициска група Alpac Capital (преку луксембуршкиот фонд European Future Media Investments).

Сопственикот Педро Варгас Сантос Давид денес е веќе впишан како директор на сите тие медиуми, а досегашните директори се сменети.

Кој е Педро Варгас Давид?

Неговиот татко Марио Давид бил долгогодишен советник и близок соработник на Виктор Орбан.

Александар Вучиќ лично го нарече „пријател”.

Истата Alpac Capital уште во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews.

Дел од парите (околу 45 милиони евра) дојдоа преку унгарски државен фонд близок до Орбан.

Истата мрежа е поврзана и со 4iG – компанијата која веќе ја гради инфраструктурата за медиумска контрола.

Истата компанија која дојде преку Орбан до Мицкоски. Компанија чии договори со унгарската држава од времето на Орбан сега се под ревизија поради сомнежи за злоупотреба на јавни средства.

Воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар сега станува многу појасно. И единствената средба на Мицкоски за време на неговото туристичко патување во Давос – токму со нив.

Ова е истиот модел што се подготвува и за Македонија.

Кај нас Орбан веќе контролира околу 40 % од медиумскиот пазар преку ВМРО-мрежата.

Сега се подготвува влез на медиумите на „српскиот свет” – медиумите на Вучиќ.

Мицкоски нема резултати.

Нема пари во буџетот. Потребни му се медиуми како заштита на неговата криминална власт.

Единственото што му преостанува е да го стави под своја контрола и медиумскиот простор, откако веќе целосно ги презеде правосудството и полицијата.

А Вучиќ, кој управува со ВМРО и со Мицкоски, ја воведува Alo-групата и Euronews-моделот.

Латас е задолжен за уредувачкиот дел.

Ивона Талевска за Вучиќевиот Euronews.

Целта е јасна: целосна контрола на информативниот простор пред избори.

Медиумски мрак.

Без слободни медиуми.

Без критика.

Без вистина.

Ова не е купување медиуми.

Ова е купување на јавниот простор.

Back to top button
Close