СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина има ВМРО-ДПМНЕ
Скопје е во тотален хаос и нефункционалност веќе 4 години, со колабиран јавниот превоз катастрофално лоша состојбата во ЈСП само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кавги со Арсовска, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Политичките пресметки се врз грбот на граѓаните на Скопје, затоа скопјани немаат превоз, немаат град.
ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на град Скопје, но секогаш советниците ги кочат одлуките на штета на граѓаните. Управниот одбор на ЈСП исто така е на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема ниту бесплатниот превоз. Само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.
Јасно е ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град.