СДСМ за изјавата на германскиот пратеник Бејер: Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго кажува во Европа


Уште еднаш се потврдува дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор. Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот.

Ова денеска го соопштија од СДСМ, откако пратеникот во германскиот парламент Питер Бејер, кој е од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ синоќа на ТВ Сител рече дека со сигурност знае дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот.

„А Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани. Не само Мицкоски туку и целото ДПМНЕ, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени. ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ во македонското собрание. Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓани, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања. На Мицкоски воопшто не може да му се верува“

велат од СДСМ.
Германскиот пратеник денеска на неговиот фејсбук-профил напиша дека рекол дека е подобро уставните измени да се случат што поскоро и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема е познат.

Во вчерашното интервју на Сител, Бејер рече дека со сигурност знае дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот, но и дека имаат аргументи и причини зошто велат не сега, а тоа, како што посочи, е поради процедурите за негова промена, но, исто така, и поради однесувањето на Бугарија и некои од нејзините највисоки претставници.

Back to top button
Close