СДСМ: Злоупотреба на пари во општина Битола за осудени од 27 април и партиски членови, ВМРО-ДПМНЕ не се менува

Соопштение на СДСМ:

Злоупотреба на пари во општина Битола за осудени од 27 април и партиски членови, ВМРО-ДПМНЕ не се менува

27 април е најцрниот датум во современата македонска историја, настан во реализација на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој низ судска, отворена постапка се изречени ефективни затворски казни за виновниците.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола да им се додели финансиска помош на партиски членови и роднини на осудените лица за 27 април е злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска, насилничка партија, која овој пат заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието. Додека ги покачува цените на услугите за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ парите од општинската каса ги дели на партиски членови.

За ова ли се задолжувањата на општините кои по налог на шпицниот Мицкоски го спроведуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Back to top button
Close