СДСМ: Зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?
„Владата потпиша договор вреден 6 милијарди евра, а јавноста засега доби само фотографии, изјави без конкретна содржина и никаква информација за клучните прашања кои ги поставија јавноста а произлегоа од многу медиуми. Нема ништо освен флоскули за „историски моменти“ и „големи инвестиции“, но воопшто не се знае ништо за позадината на овој договор“ велат од СДСМ.
Од партијата велат „Во кратко интервју на Мицкоски за британската телевизија Скај, кое утрово го објавуваат медиумите, а за кое Владата воопшто не информираше, Мицкоски избегнува да одговори дали со британскиот премиер ќе се разговара за примање на мигранти во Македонија како дел од договорот за стратешко партнерство. Ова сомнително однесување на премиерот го поставивме како прашање уште пред неколку дена но Владата упорно молчи. Со објавувањето на скриеното интервју на Мицкоски веќе сомнежот е преголем и Владата мора одма да одговори: Дали кредитот од 6 милијарди евра се навистина само за инфраструктура, или се цена за нешто повеќе – за нешто што засега се крие од јавноста? Согласно информациите од британските медиуми, но и од изјавите на британските официјални претставници, договорот во делот на миграцијата подразбира „широка соработка“.
„Информации во британските медиуми и од изјави на тамошни политичари се дека Обединетото Кралство планира во иднина и безбедносни аранжмани, вклучително и за мигрантски кампови на Балканот. Прашањето кое три дена нема одговор е конкретно и насочено до Владата: Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за сместување на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Македонија нема да разговара за ваков политички ангажман?“ прашуваат опозиционерите.