Се бара помош од Армијата да се справи со 600-те крави, вредни 1.000.000 евра, кои пустошат низ Паланечко?!
Видеата од социјалните мрежи со врзани крави, физички инциденти и апсење на сопственикот на кравите, дополнително ја вознемирија јавноста и ги отворија прашањата за долгогодишниот проблем и на мештаните и на сопствениците на кравите, за проблемите со безбедноста на граѓаните, животните и земјоделските површини, а најмногу од сè, за проблемот со непостапувањето на институциите формирани и финансирани од парите на граѓаните, пишува Фокус.

Има предлог и за свикување или определување кризна состојба, а веќе се известени и странските амбасади за овој проблем, кој во нормална земја со функционални институции не треба да заврши на насловните страни. Но, системот повторно потфрла и не нашол трајно решение за стадото од безмалку 600 крави, кое според проценките од пазарот, во моментов вреди околу 1.000.000 евра.
– Advertisements –
Кризата со стадото крави, кои со години слободно се движат во кривопаланечкиот регион, ескалираше пред неколку дена во селото Добровница, кога локалните земјоделци и сопствениците на добитокот влегоа во конфликт, кој заврши со видеа на социјалните мрежи.
Откако стотиците крави, кои слободно се движат низ селото и околните населени и ненаселени места, уништиле дел од земјоделските посеви, некои од локалните фармери, во обид да ги спречат животните да им направат поголема штета, ги затвориле во своите штали.
Сопствениците на кравите дошле да ги ослободат животните што биле врзани и, како што велат, нехумано третирани и оставени без храна и вода, па обидот да ги извлечат заврши со жесток вербален и физички инцидент во кој имаше и стапови и шлаканици.
Видеата од социјалните мрежи со врзани крави, физички инциденти и апсење на сопственикот на кравите, дополнително ја вознемирија јавноста и ги отворија прашањата за долгогодишниот проблем и на мештаните и на сопствениците на кравите, за проблемите со безбедноста на граѓаните и земјоделските површини, а најмногу од сè, за проблемот со непостапувањето на институциите формирани и финансирани од парите на граѓаните.
За уништувањето на земјоделски насади од страна на крупниот добиток, кој поради недостиг од храна од околните пасишта се спушта во населените места, негрижата за нив од здравствен аспект, како и движењето на кравите на јавни површини и на државни патишта, со што се загрозува безбедноста на граѓаните, реагираат буквално сите, но ситуацијата не е решена.
Реагираат, од загрозени и исплашени граѓани, револтирани земјоделци, па сè до сопствениците на дел од стадото крави, и тоа до градоначалникот на Крива Паланка и Агенцијата за храна и ветерина, која има правосилно решение за одземање на животните поради негрижа, и тоа веќе година и пол, со што добитокот е практично во државна сопственост и државата треба да ги заштити кравите.
Има предлог и за свикување или определување кризна состојба, со указ од страна на претседателот на државата, со цел да се вклучи и армијата со својата инженерија и опрема во безбедно отстранување и транспортирање на добитокот, а веќе се известени и странските амбасади за овој проблем, кој во нормална земја со функционални институции не треба да заврши на насловните страници.
Но, системот повторно потфрла и не нашол трајно решение за стадото од безмалку 600 грла, кое, според проценките од пазарот, во моментов вреди околу 1.000.000 евра.
Секое одолжување на проблемот претставува поголема закана и за безбедноста и здравјето на стадото крави, кои слободно шетаат барајќи храна и засолниште, но и поголема закана за безбедноста на граѓаните.
НЕХУМАН ТРЕТМАН НА КРАВИТЕ
Според жителите во Кривопаланечко, стадото со години се движи неконтролирано по ниви, ливади, приватни дворови и покрај магистралниот пат кон Бугарија, создавајќи ризици и во сообраќајот.
…






