Се бориме за нашиот дом: СДСМ и коалицијата со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта
СДСМ и коалицијата ја започнува кампањата со јасна порака: ова е борба за нашиот заеднички дом, Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ.
Речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде целата централна власт и четири години локална власт, граѓаните се сведоци на неспособност, корупција, расипништво ароганција. Наместо економски развој, има застој, платите стагнираат а стандардот на граѓаните опаѓа. Наместо правда, има партизација и селективност. Наместо грижа за граѓаните, гледаме расипништво и трошење на јавните пари за лични привилегии на функционерите на власта.
СДСМ и коалицијата настапуваат со чесни и компетентни кандидати за градоначалници и советници, луѓе со интегритет, со програми кои нудат реални и остварливи решенија.
Овие избори се помеѓу лагите и расипништвото на сегашната власт и борбата за чесност, солидарност и достоинство. Избор помеѓу партизацијата и заробените институции, или враќање на власта во рацете на граѓаните.
СДСМ ја презема обврската и одговорноста да биде движење за слобода, правда и еднаквост. Нашиот дом е Македонија и ние ќе се бориме за него, за сите граѓани, за сите општини, за иднината на државата.