Се чека одговор од Комисијата за заразни болести – дали угостителите ќе бидат ослободени од обврската да ги легитимираат гостите

Право да легитимира има само полицијата, поради што во четвртокот е испратено писмо до Комисијата за заразни болести, уште еднаш да се разгледа ваквиот услов што им е наметнат на угостителите, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши на прес-конференција, кога ќе стигне одговорот од Комисијата ќе се знае дали е можно да има промена во оваа точка од протоколот за работа на рестораните и кафулињата.

-Минатаа недела, во четвртокот, испратив писмо до Комисијата за да се разгледаат одлуките од протоколите, псоебно точките осум и девет кои се однесуваат на легитимирањето на посетителите во угостителските објекти. Министерството за економија смета дека право за легитмирање има само полицијата и никој друг. Го чекам одговорт од Комисијата. Кога ќе го добиеме и кога ќе знаеме дали може да има промени, ова прашање ќе го отвориме на владина седница каде ќе донесеме и соодветна одлука, истакна Бектеши.

Back to top button
Close