Се чекаат лабораториските резултати за тројца пациенти суспектни на западнонилска треска

Од Министерството за здравство соопштија дека на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани уште три лица кај кои постои сомнеж за западнонилска треска. Во тек се лабораториски анализи, по чии резултати ќе биде познато дали станува збор за нови потврдени случаи.

Според последните официјални податоци, во државата досега се регистрирани 13 потврдени случаи на ова вирусно заболување. Од нив, десет пациенти се лекуваат во болнички услови, додека тројца се во тешка, односно критична здравствена состојба.

Западнонилската треска најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец. Поради зголемениот број заболени, Институтот за јавно здравје упати препораки до граѓаните, особено до оние кои патуваат, да преземат мерки за заштита од убоди од комарци и внимателно да ги следат евентуалните симптоми.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close