Сејдини: Ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска на еден ден пред првиот историски натпревар на Македонија на Европско првенство и се обрати на нацијата и и порача дека треба да биде горда, бидејќи ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја.

-А, таква беше годината. Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска. Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена. За некои ужасна и трагична, за македонскиот фудбал неповторлива. За повеќето од нас, година на борба. За македонскиот фудбал година на гордост и слава. На заедништво. Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат ако започнеме од крајот!
Победивме бидејќи си рековме себеси дека сме победници. Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство. Бидете горди. Затоа што ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја. Во ова наше општество на невозможни институции и Македонци и Албанци и Турци и Роми се обединети кога е во прашање фудбалската репрезентација. Тоа треба да ни биде пример за начинот на кои сите треба да се однесувааме.
Во победа или пораз – таква Македонија сакаме. И не само фудбалска. Како Фудбалска федерација на Македонија сме сигурни дека фудбалерите и на натпреварите од Европското првенство ќе дадат се од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа. Ние сме мала држава, но имаме големи соништа…. Столе, Ристе, Дамјан, Висар, Егзон, Кире, Стефан, Дарко, Ѓоко, Езџан, Енис, Аријан, Бобан, Стефан, Елиф, Тихо, Даниел, Марјан, Ферхан, Дарко, Горан, Иван, Милан, Аце, Крсте, Влатко…уживајте, давајте се од себе, па што биде, порача Сејдини

Back to top button
Close