Се гледаат снимки во судница: Кешишев во пластично шише наполнил бензин утрото кога беше грабната Вања
На денешното судско рочиште за случајот за убиството на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска продолжи изведувањето на материјалните докази од страна на Обвинителството.
Во судница во моментот се прикажуваат снимки на кои треба да се види движењето на возилата ,,цитроен”, со кое била грабната Вања од пред нејзиниот дом, и на,,рено гангу”, во кое, според Обвинителството се возел обвинетиот Палевски, а кое се движело пред автомобилот во кој било девојчето.
Обвинителката објаснуваше што точно се гледа на секоја од презентираните снимки. За првото CD, на кое имаше неколку снимки од различни агли, рече дека е од денот на киднапирањето на девојчето, во раните утрински часови, а на неа се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев, облечен во црна јакна и со црна капа, полни бензин во пластично шише.
-На снимката се гледа како Влатко Кешишев одејќи пешки, со поголемо пластично шише, пристигнува на бензинската ,,Макпетрол”, во близина на политичката партија ,,Десна”, кај железничката станица, за да наточи бензин. Снимката е со датум 27 ноември 2023 година (денот на грабнувањето на Вања), а во 05 часот и 26 минути.
-На второто CD се гледа возилото ,,рено кангу” како, истиот ден, се движи во Центар и Аеродром и тоа почнувајќи од пред седиштето на партијата ,,Десна” кон Автокоманда. Возилото прв пат на камерите, на Сејф сити, е фатено во 5 часот и 36 минути.
-На снимката од ,,Сејф сити” се гледа ,,мерцесес” во сопственост на обвинетиот Велибор Манев на 20 ноември 2023 година, во 9 часот 29 минути, кое се движи по улица ,,Беласица”, односно поминува покрај ,,Ист гејт”. (Дополнително ќе биде познато зошто оваа снимка и е од важност на Обвинителството, бидејќи е една недела пред грабнувањето на Вања).
-На нова снимка се гледа како возилото ,,цитроен” се движи во Скопје на 24 ноември 2023 година. Возилото поминува и покрај зградата каде што живеела Вања со својата мајка и сестра.
Судењето е во тек.
На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни