Се гради нов парк во скопски Мичурин

 Во населбата Мичурин во скопската општина Аеродром во тек е изградба на нов парк, што ќе се протега на површина од 3.573 квадратни метри.

Паркот е проектиран според сите стандарди, со нови зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, место за игри за најмладите, а ќе биде оставен и посебен простор за негување на традицијата при Мичуринските средби. 

На местото на градежните активности околу изградбата на новиот парк во Мичурин денеска убид изврши градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Back to top button
Close