Се испитуваат вешти лица за несреќата кај Ласкарци

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се испитува вештото лице Јованка Савова во врска со несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци, a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени.
Савова е дел од тимот што го изготви супервештачењето кое судот го нарача во декември 2021 година.
На прашања од бранителот на шестообвинетиот, Савова одговори за начинот на кој се стекнала со лиценца за вештачење, при што рече дека не полагала за истата, туку, со искуство од пет години во Бирото за супервештачење, формално се стекнала со неа, како што своевремено дозволувал законот.
Потоа бранителот ја испрашуваше во врска со техничките прегледи на автобусот и начинот на кој што се извршени.
– Предмет на супервештачењето беше во врска со техничката исправност на автобусот, а земајќи ги предвид спротивставеностите во претоходно изготвените вештачења. Во однос на истото, вештите лица се произнеле како што се произнеле. Ние не сметавме дека тој технички преглед ја прикажува состојбата на автобусот на денот на незгодата, рече таа.
Прашана колку контролори треба да бидат присутни при технички преглед согласно правилникот, таа одговори двајца. Додека, според видео записот од еден од извршените технички прегледи рече дека не забележале колку контролори се присутни, и, како што рече, „цело внимание ни беше посветено на автобусот“.
Прашана дали била на увид на местото каде се случила сообраќајна незгода за време додека се изготвувало супервештачењето, таа одговори дека два пати ја возеле таа делница со колегите сообраќајци.
Прашана дали за неа како вештак, машински инженер, има нешто чудно во тоа, четири ипол месеци после незгодата да нема свежо истекување на масло, ниту на цилиндарот за управување со пратечката оска, ниту околу него, и одеднаш такво свежо истекување да се појави 44 месеци по сообраќајката, баш кога тие биле на увид, таа одговори дека е поминато долго време.
– Поминато е долго време. Зборуваме за голем период, дека може да дојде до дополнително протекување, може, рече таа.
Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.
Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето продолжува по паузат

Back to top button
Close