Се истепале Роми во Злокуќани. Тепачката ја продолжиле и во Ургентен. Најмалку 10 се повредени

Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош, стои во реакцијата од општина Карпош по синоќешното насилство во населбата Злокуќани.

Во скопската населба Злокуќани во општина Карпош вчера избила масовна тепачка поради нарушени меѓусоседски односи. Во физичката пресметка биле вклучени и тројца малолетници. Во тепачката се повредени 10 лица и сите завршиле во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна продолжила физичката пресметка меѓу двете групи.

„На 17.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети.Подоцна било пријавено дека околу 01.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Д.Ј.(52) со роднините С.Ј.(25) и И.Д.(38) чекал резултати за неговиот повреден син во претходната пресметка, биле физички нападнати од Е.Г.(52), Б.С.(43), А.С.(48), Б.С.(44) и И.Г.(36), при што употребиле метални и тврди предмети.Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.Г., Б.С., А.С., Б.С. и И.Г.. Додека, во Полициската станица Карпош биле приведени Ф.Ј. и Б.Ј. и тројцата малолетници.По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во зивестувањето од МВР.

Општина Карпош се огласи со соопштение по синоќешното насилство во Злокуќани

„Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош.
Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон.

За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.

Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав“ – стои во соопштението од општина Карпош.

Back to top button
Close