Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби

Во тек е креирањето на мерките со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а покренати се дури и одредени постапки.

-Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постпаки што се почнати и покренати, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.

Треба да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички - за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство и за пензионери, зашто трошоците на овие категории граѓани не се сити

Тој потсети дека пред почетокот на учебната година се воведе т.н. училишна кошничка со која се намалија цените на голем дел од производите што ги користат учениците. 

Back to top button
Close