Се изработува техничка документација за систем за гасификација на Крушево

 Започнува изработката на техничката документација за изградба на систем за гасификација на Крушево.

УНДП склучи договор со фирмата Филбис ДОО Скопје. Ова е според тендерот за ангажирање проектантска фирма за изработка на техничката документација за изградбата на систем за гасификација на Крушево, согласно со апликацијата од Општина Крушево.

Техничката документација за изградба на систем за гасификација на Крушево ќе се изработи во рамки на проектот „Градење  на општинските капацитети за имплементација на проекти“, компонента  од Фондот за техничка документација, администриран од УНДП, а финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА).

Back to top button
Close