Се качиле на Ајфеловата кула и скокнале со падобран – полицијата уапси две лица!
Две лица моментално се во притвор откако се искачија на Ајфеловата кула и скокнаа од таа знаменитост на Париз со падобран, објави обвинителството.
Истрагата против овие две лица и уште едно лице кое исто така беше приведено во овој случај е отворена за „упад во историско или културно место“, како и за „загрозување на животите на другите преку очигледно намерно кршење на регулаторната обврска за безбедност или претпазливост“, се наведува во соопштението, пренесува BFMTV.
Ова не е прв пат некој да се искачи на Ајфеловата кула, бидејќи во август 2024 година, еден Британец беше уапсен за искачување на споменикот во Париз и беше приведен извесно време.